13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Јовановиќ: Сите добиваат од покачувањето на минималната плата, Владата покажа дека ја слуша јавноста

„Одлично е што се покачи минималната плата бидејќи сите добиваат со покачувањето. Ова е една од ретките ситуации кога сите страни треба да се задоволни“ кажа економскиот експерт Бранимир Јовановиќ во „Економски магазин“ на АлсатМ.

Тој додаде дека Владата увиде дека јавноста во земјава е на страна на покачувањето на минималната плата и го прифати тоа.

„Ова е позитивен прагматизам од Владата. Ако сфатат дека јавноста е за некоја мерка, Владата покажа дека е спремна да го прифати тоа. Ова е позитивно, бидејќи означува дека ќе гледаме повеќе политики кои одговараат на јавноста“ кажа Јовановиќ.

Тој додаде дека ја поддржува и идејата на Владата за помош и субвенции на фирмите за справување со растот на минималната плата, бидејќи токму тоа е и улогата на државата – да им помага на економските субјекти кога тие се во криза.

Спонзорирано: