23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Петгодишно момче во Мароко паднало во бунар длабок 32 метра, три дена се обидуваат да го извлечат

Петгодишното момче Рајан три дена било заробено во бунар на северот на Мароко, а спасувачите очајнички се обидуваат да го спасат, пренесуваат светските медиуми.

Детето во вторникот падна во бунар длабок 32 метра.

Момчето е од мало село во близина на градот Шефшауен на северот на Мароко. Тој има повреда на главата. Спасувачите прикачиле камера на јажето за да ја следат неговата состојба и да се уверат дека е безбедно.

Досегашните обиди да се спаси се покажаа неуспешни.

Локалните медиуми објавија дека малото дете зело храна и вода, кои му биле доставени со јаже. Во обид да го спасат, спасувачите копаат покрај бунарот. Дијаметарот на бунарот се стеснува до дното, од 45 сантиметри на врвот, што ги спречува спасувачите сами да се симнат за да го земат малото дете.

Драмата на момчето стана позната благодарение на социјалните мрежи, аапочна и кампањата „Спаси го Рајан“,

Спонзорирано: