17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Парализиран североистокот на САД – откажани летови, домови без струја и поплави

Невреме со налети на ветер со речиси ураганска сила, придружено со обилни снежни врнежи денеска го погоди североисточниот дел на САД и предизвика поплави во крајбрежните области.

Повеќе од 100.000 домови и продавници во Масачусетс останаа без струја поради снежното невреме што ја зафати таа американска сојузна држава. Авиокомпаниите откажаа речиси 6.000 летови за време на викендот на некои од најпрометните аеродроми во земјата, според веб-страницата „Флајтавер“, а железничкиот сообраќај од Бостон до главниот град Вашингтон е во прекин или ограничен.

Официјални лица од Вирџинија до Мејн ги предупредија жителите да не излегуваат на патиштата поради слабата видливост, а на Род Ајленд, каде беше издадено предупредување за снежна бура, сообраќајот на патници е забранет, освен во итни случаи, јави „Гласот на Америка“.

„ Ова е сериозно и луѓето на Род Ајленд мора да бидат подготвени. Најдобар начин да се справите со оваа бура е да не ја напуштите куќата“, рече гувернерот Ден Меки.

И гувернерката на Њујорк, Кејти Хокал, ги советуваше граѓаните да не излегуваат од дома и предупреди на екстремно ниски температури откако ќе помине невремето.

„ Ова е многу сериозно невреме. Се подготвуваме за ова. Може да загрози животи. Имате силен ветер, обилни снежни врнежи, снежна бура“, предупреди Хокал.

Метеоролозите предупредуваат дека временските услови ќе се влошат и најавуваат дека невремето ќе биде проследено со период со многу ниски температури и студ.

Градовите во североисточниот дел на САД во 10 сојузни држави, вклучувајќи ги Филаделфија, Њујорк и Бостон, исто така беа погодени од ледениот бран.

До пладне повеќе од 45 сантиметри снег паднаа на делови од брегот на Њу Џерси и источниот Лонг Ајленд, а повеќе од 61 сантиметар снег и удари на ветер до 113 километри се очекуваа во Бостон на неколку места во Масачусетс, вклучително и Островот Нантакет и Провинтаун на Кејп Код.

Спонзорирано: