10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

Силно невреме во Шкотска – жена загина кога врз неа падна дрво

Жена загина во невреме во Шкотска кога врз неа паднало дрво поради налет на ветер, кој дувал со брзина од околу 128 километри на час.

Шкотската полиција соопшти дека нема ништо сомнително во смртта на жената.

Жолтото метео предупредување е на сила во сите делови на Шкотска, северна Англија и делови од Северна Ирска по невремето кое донесе силен ветер и дожд.

Во сила е предупредување и за источниот дел на Шкотска, каде што се очекува нападите на ветер да предизвикаат прекини во патниот, железничкиот, воздушниот и траектниот сообраќај.

И за утре метеоролозите најавуваат бурен ветер кој ќе дува околу 140 километри на час.

На северот на Британија утре се очекуваат силни ветрови, особено на северот на Шкотска.

Невремето „Малик“ денеска ја погоди Британија, а бурата „Кори“ се очекува утре.