25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

НАТО ги отфрли руските барања да се повлече од Бугарија и Романија

НАТО ги отфрли руските барања за повлекување на своите сили од Романија и Бугарија.

„НАТО нема да се откаже од можноста да ги заштити и брани своите членки, па ќе има присуство и во земјите источно од границите на НАТО“, рече портпаролката на алијансата, Oана Лунгеску.

Претходно, Москва побара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека алијансата нема да се проширува на исток и дека ќе се врати во рамки на границите од 1997 година.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека безбедносните гаранции што Москва ги бара од Западот вклучуваат и повлекување на силите на НАТО од Романија и Бугарија.