23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Ангела Меркел доби понуда за работа во ОН

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на Европа, доби понуда за работа од Њујорк.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и понуди на Меркел да биде дел од советодавен тим на високо ниво во светската организација.

Агенцијата ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, како што пренесуваат германските медиуми, на Меркел и понудила претседателство со телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот.