23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Новата Влада ќе се посвети на економијата

Планирам Владата да ја предложам околу 11 јануари, открива претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостувањето на Канал 5 телевизија. Прашан за тоа како ќе владее, Ковачевски одговори дека не е приврзаник на технократскиот стил на владеење со цврста рака.

-Потребен ни е мерит систем на раководење, каде секој раководител и прв човек на одредена институција треба одговорно да ги извршува задачите согласно поставените цели. Од новата Влада може да се очекува посветеност на економијата и реформите, борба против корупцијата и правда, а секако работиме и на одржување на првата Меѓувладина конференција, рече Ковачевски.

Според него, претходната Влада била силно посветена на релаксирање на односите со соседите и носела тешки и големи одлуките, при што никој не го штеде рејтингот, и личниот и партикиот. 

-Но затоа сега сме членки на НАТО и ги гледаме бенефитите и преку инвестиции, иако се појавија проблеми во внатрешната политика, истакна Ковачевски.