17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Гром удри во човек во Џакарта

Човек кој работел како чувар во компанија во индонезиската престолнина Џакарта преживеал директен удар на гром додека шетал низ кругот на компанијата во која работи со чадор во рацете.

Инцидентот е снимен со камера, а јасно е дека 35-годишен маж бил директно погоден од гром, заедно со искри, пишува РТ.

Тој паднал на земја, откако колегите притрчале на помош.

Индонезиските медиуми јавуваат дека тој преживеал, а има само изгореници на рацете. Тој бил хоспитализиран неколку дена, по што бил пуштен на домашно лекување.

Се верува дека го удрил гром бидејќи во рацете држел официјална радио станица.