14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Има загинати во пожарот во ковид болница во Русија

Две лица загинаа во пожар во одделението за интензивна нега во болница во која се лекуваат пациенти заразени со Ковид-19 во јужниот руски град Астрахан, објавија агенциите ТАСС и Риа Новости денеска, цитирајќи извор од службите за итно спасување.

Агенцијата ТАСС јави дека пожарот е веќе изгаснат. Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека има жртви, но не даде дополнителни детали. Неколку локални медиуми објавија дека причина за пожарот е краток спој во светилка.