21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Од полноќ нови мерки во Австрија – вакцинираните со трета доза ослободени од тест на коронавирус

Од полноќ во Австрија е во сила нов режим за влез во државата според кој без карантин може да влезат само оние што го исполнуваат таканареченото правило 2Г плус или примиле бустер-доза.

Според новата регулатива, во земјата може да влезат само лица што имаат потврда за вакцинација или за прележан Ковид-19, но со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.

Оние што примиле засилена доза вакцина против коронавирусот се ослободени од тестирање на коронавирус.

Секој што ќе влезе во Австрија без тест и не примил бустер-доза, ќе мора да оди во десетдневен карантин. Карантинот може да се прекине само по пет дена изолација со негативен ПЦР-тест направен во Австрија.

Дополнително, оние што не ги исполнуваат условите за влез во земјата без карантин треба да се пријават електронски пред патувањето.

Од таа мерка се изземени само трудниците и лицата што поради здравствени причини не може да се вакцинираат, а за тоа мора да поседуваат лекарско уверение. Постојат и посебни правила за деца.

Имено, децата до 12 години се ослободени од овие мерки и тие мора да бидат ставени во карантин и електронски регистрирани доколку возрасното лице со кое патуваат мора да биде изолирано.

Исклучок има и за прекуграничната работна сила, која сè уште подлежи на правилото 3Г, при што во земјата може да влезат само вакцинирани, прележани или негативно тестирани лица.