25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Kомбе со мигранти, бегајќи од полицијата во Љубљана, удри во семафор, има и загинати

Брканица со автомобили во центарот на Љубљана заврши трагично кога комбе, за кое се претпоставува дека превезувалo шест мигранти, удрило во семафор, а еден од патниците загинал, јави агенцијата СТА.

Локалната полиција соопшти дека се обидела да запре комбе на автопатот источно од главниот град. Возачот одбил да застане и почнала потера низ Љубљана, а тоа завршило со несреќа во центарот.

Првичните информации говорат дека возачот е од Косово и Метохија, а илегално превезувал мигранти. Тој е приведен.