26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НАТО праќа трупи во Бугарија и во Романија?

Врховниот командант на НАТо во Европа генералот Тод Волтерс предложи НАТО да воспостави воено присуство во Бугарија и во Романија, објави германскиот весник „Шпигел“.

Како што наведува, Волтерс тоа го предложил откако Русија, како што се тврди, натрупала војници во близина на границата со Украина, пренесе Ројтерс.

„Шпигел“ не го цитира директно Волтерс, туку наведува дека има информации дека Волтерс „ги повикал на зајакнување на трупите на источната граница“ на НАТО во текот на разговорите по пат на линк со воените команданти на партнерските држави.

Германскиот весник наведува дека предлозите на Волтерс значат дека ќе се прошири предната присутност на мисијата на НАТО, во рамки на која Алијансата распореди воени сили во балтичките држави и источна Полска.

Нато одби да ги коментира наводите на „Шпигел“.

Бугарија и Романија веќе повикаа на воено присуство на НАТО во тие земји.

Военото присуство на руски сили во близина на Украина доведе до пораст на напнатоста меѓу Москва и НАТО.

НАТО ја повика Русија да не ја напаѓа Украина, а Русија негираше дека планира да изврши инвазија.

*фотографијата е илустративна