Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз: Со изборот на старo-нова Влада бараме робусна борба против криминалот и корупцијата

Во пресрет на избор на стара-нова Влада, Демократскиот сојуз укажува на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите.

Во оваа насока, додаваат од партијата на Трајанов, освен реформите сврзани со евроинтеграциските процеси, Демократскиот сојуз инсистира и на: робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, преку системски промени и формирање на Агенција за борба против криманалот, со висок степен на самостојност и посебни права и овластувања (ФБИ).

„Второ, испорачување на правдата преку законска можност за фер судење за монтираните судски процеси (Нема правда, Нема мир). Трето, реформа на судскиот и правниот систем во целина, преку ревизија на работата на секој судија, обвинител и припадник на МВР, департизација на службите за безбедност и администрацијата. Четврто, коренити реформи на изборните правила, укинување на системскиот монопол на четирите партии и Македонија да биде една изборна единица“, се додава во барањата на Демократскиот сојуз.

Само со конкретни и радикалнии чекори, велат од таму можат да се придвижат процесите во позитивна насока и да се отворат перспективи за развој на државата.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК