Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Прогноза за 05.11.2026
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 06.11.2026
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.11.2026
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК