Фејсбук статус на СДСМ:
Луѓето се враќаат во СДСМ.
Виктор Петков, претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода, го напушта ЗНАМ и се приклучува на СДСМ.
Димитриевски им ветуваше дека ќе бидат коректив и алтернатива, а ги злоупотреби за свои лични бизнис интереси. Ја предаде својата партија, ги предаде гласачите.
Слични лаги сега слушаме за Платформата ЗНАМ 2.0.
ЗНАМ беше сателит на Мицкоски за ситнење на опозицијата и сега полека се гаси.
Си заминаа пратеници, советници, си заминуваат и луѓето што ги водеа општинските организации.
Луѓето препознаваат дека СДСМ е единствена неконтролирана опозиција. Вратите на СДСМ се отворени, СДСМ е наш заеднички дом.
Продолжуваме заедно да се бориме против криминалот на власта, за подобар живот на граѓаните.
фото СДСМ/Фејсбук


