Centar.mk
РЕГИОН

МИСТЕРИЈА: ПОЛЕТА ЗА МОСКВА, СЕ ВРАТИ ВО БЕЛГРАД – Вулин потврди дека бил во авионот

Авионот на „Ер Србија“ што леташе кон Москва на 3 ноември се сврте над Литванија и повторно слета во Белград нешто пред 22 часот. „Ербасот А320“ на редовниот лет JU134 полета од аеродромот „Никола Тесла“ во 18:48 часот по локално време.

„Ер Србија“ соопшти дека по полетувањето добила информација од аеродромските служби дека се потребни дополнителни безбедносни проверки поврзани со еден патник. Авионот бил вратен по инструкции на надлежните служби, а патниците требало да добијат информации за продолжувањето на летот по завршувањето на проверките. Во соопштението патникот не е именуван.

Според неофицијалните информации што ги објави „Нова.рс“, на летот биле и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, и претседателот на Српската народна партија, Ненад Поповиќ.

Можеби ќе ве интересира

КОСОВО ЗАГУБИ 43,8 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ – Шест реформски чекори останале неисполнети во рокот

ДЕСК

БЕЗБЕДНОСНА ПРОВЕРКА НА ЛЕТОТ ОД БЕРГАМО – Заканувачка порака пристигнала во Софија

ДЕСК

ДЕЛУМНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ШАБЛА – Евакуирани 16 лица по обилните врнежи

ДЕСК