Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

22-годишна скопјанка тешко повредена, удрила во три паркирани возила

Едно лице од скопски Сарај е тешко повредено откако со својот автомобил удрило во три паркирани возила.

Имено, вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) с.Сарај, скопско, удрило во три паркирани патнички возила – „пежо“ и „форд фокус“, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа“, со кумановски регистарски ознаки.

Притоа, А.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, известија надлежните.

Можеби ќе ве интересира

УКИМ одбележува патронат и 77 години од основањето

ДЕСК

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

ДЕСК

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

ДЕСК