Дел од корисниците во три скопски општини денеска, 4 ноември, ќе имаат прекин на електричната енергија поради работи на дистрибутивната мрежа.
Најдолгиот најавен прекин е во Маџари, од 08:30 до 14:30 часот, на делови од улиците „Никола Киров Мајски“ и „Благоја Стефковски“.
Во Сарај е најавен прекин од 09:00 до 10:00 часот за корисници зад џамијата и на улиците 1, 3 и 5. Во Кисела Вода, корисници на улицата „Саса 2“ ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот.


