Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

384 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи. Од нив 37 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТИТЕ СО НЕОБИЧНО БАРАЊЕ – Сакаат да ручаат по цените што ги плаќаат пратениците

ДЕСК

АКО ПАТУВАТЕ ДЕНЕСКА – АМСМ со информации за патиштата и границите

ДЕСК

ТРАКТОР ПРЕГАЗИЛ 75-ГОДИШЕН МАЖ ВО СКОПСКО – Со тешки повреди пренесен на Клиниките

ДЕСК