Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

СЕДУМ УАПСЕНИ ВО МЕЃУНАРОДНА АКЦИЈА – Македонија учествуваше во истрагата за лажни инвестициски платформи

Македонското обвинителство за организиран криминал и корупција учествуваше во меѓународна операција против мрежа осомничена за интернет-измами со инвестиции. Во акцијата, за која обвинителството информираше на 3 ноември, во повеќе земји се уапсени седум осомничени и се извршени претреси на 17 локации.

Истражителите заплениле повеќе од 100 сервери. Според Европравда, преку платформи што изгледале како легитимни сервиси за тргување, на корисниците им се прикажувала привидна добивка за да бидат убедени да уплатат повеќе пари.

Проценетата штета надминува четири милиони евра, а потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави. Операцијата ја координирале Европравда и Европол со надлежните органи од седум земји.

Можеби ќе ве интересира

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК

ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Сиљановска-Давкова побара исти правила за земјите кандидатки

ДЕСК