11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТТОП ВЕСТИ

Тлото не престанува да се тресе: Нов земјотрес од 4.7 степени ја разбуди Албанија, почуствуван во Македонија

Во 8 часот и 10 минути се случи втор потрес на албанско тло, на само 17 километри североисточно од Центар Жупа, Македонија.

Земјотресот според ЕМСЦ бил со јачина од 4.7 степени, на длабочина од 10 километри, покажуваат првичните информации.

Само пет минути претходно, како што соопштивме, истото место беше погодено од земјотрес од 3.3. степени.

Засега нема информации за материјални штети.