18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Илиев за Кочани: Патиштата кои ги изградивме ги намалија трошоците на оризопроизводителите

„Патиштата кои ги правиме директно придонесуваат за намалување на трошоците на производителите на ориз“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Кочани од СДСМ и коалицијата, Николчо Илиев на дебатата на МТВ.

Тој додаде дека за поголема конкурентност на пазарот со земјите кои ни се директни конкуренти, како Италија и Грција е потребно намалување на трошоците, до што ќе се дојде преку укрупнување на површините и подобра организација.

„За да конкурираме на земјите кои ни се најголеми конкуренти во оризопроизводството како Италија и Грција потребно е укрупнување на површините и подобра организација“ Илиев.

Тој додаде дека процесот за укрупнување на површините е веќе започнат, но за жал не се движи со потребното темпо.

„Тоа си бара време, но мислам дека со тоа ќе дојде до намалување на трошоците. Мораме да направиме и подобра организација за да се доаѓа до поевтини набавки на препаратите“ кажа Илиев.