Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

Заев на ТВ21: Граѓаните на 31 октомври ќе одлучат дали се за режим и барок или за слобода и зелени површини и хумани градови

Ако сакаа да не казнат нашите гласачи можеа за ВМРО – ДПМНЕ да излезат да гласаат и казната ќе биде испорачана, но сега сигналот го пратија и сигналот е примен, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за ТВ21. Тој кажа дека СДСМ се менува во континуитет, преку кадровски промени и промени на политики.

-Граѓаните исто така се чуварите на иднината, тие одлучуваат во каква иднина ќе оди нашата земја, нашето Скопје, Битола, Струмица, за нашето Тетово и затоа предизвикот е токму тој – треба да знаат граѓаните дека кај Владите, градоначалниците, Советите, Парламентите е гајлет четири години. Но сега гајлето кога се избори е кај граѓаните, рече Заев.

Според него определбата каков човек и каква политичка опција се бира, таква и судбина следува наредните четири години. 

-Можеби е тоа најдобрата определба, но вие треба на избори да ја потврдите. Можеби е најлошата, која можете да ја потврдите и седејќи дома. Затоа е многу важно, граѓаните да излезат на гласање, сите и да го дадат правецот и на Скопје, но и на Гостивар, Битола, Куманово и на сите други општини кои останаа во вториот круг, додаде претседателот на СДСМ.

Заев рече дека граѓаните ќе се определат дали сакаат да го вратат режимот, барокот, спомениците или сакаат сите тие пари да се насочат во нови зелени површини, нови паркови, нови мостови, булевари, модеренистички решенија.