17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Петар Грашо ја раскина 24 годишната врска со Даниела па за 4 месеци си најде 14 години помлада девојка

По раскинувањето на долгогодишната врска со пејачката Даниела Мартиновиќ, Петар Грашо стапи во врска со ќерката на хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ, 14 години помладата Хана, пишуваат хрватските медиуми.

Како што се шпекулираше веќе некое време и како што наводно беше потврдено за хрватските медиуми од извор близок до Грашо, романсата меѓу двајцата трае веќе извесно време, а Хана го придружувала Грашо на повеќето настапи. Пејачот неодамна објави снимка од најавата за еден концерт, а во очилата се гледа одраз на женска личност слична на Хана.

Во 2016 година, Хана и Петар соработуваа на песната „Срце за водич“, а Грашо е многу близок со нејзините родители.

Семејствата Грашо и Хуљиќ се многу блиски, а пејачот и 31-годишната Хана се познаваат практично од нејзиното детство.

Петар Грашо беше во долга врска со Даниела Мартиновиќ, а на почеокот на мај медиумите ширум регионот ја пренесоа веста за раскинувањето на нивната 24-годишна врска.

Спонзорирано: