17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Мистериозна болест се појавила во амбасадата на САД во Белград

„Абнормален здравствен настан“ – овој непријатен термин го користи американската дипломатија кога станува збор за „Хавана синдромот“.

Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства биле погодени. Што е тоа?

Повикувајќи се на сегашни и поранешни американски политички претставници, Волстрит Џурнал пишува дека ЦИА во последните недели евакуирала разузнавач кој работел во Србија, кој претрпел сериозни последици од невролошки напади, познат како „Хавана синдром“, пишува Дојче веле. Инцидентот на Балканот, кој, според американскиот весник, не бил претходно пријавен, е последен во серијата слични случаи за кои постои сомневање дека се напади со помош на некаков целен извор на енергија.

Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства се разболеле од мистериозна болест, чии симптоми се мигрена, гадење, оштетување на меморијата и вртоглавица, пишуваат медиумите.

Енигматичниот синдром за прв пат се појавил во 2016 година во кубанската престолнина Хавана. Дипломатскиот персонал на американската и канадската амбасада, како и членовите на нивните семејства, биле погодени од него. Симптомите биле вртоглавица, замор, главоболка, проблеми со слухот и видот. Пријавени се и случаи на целосно губење на слухот.