15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес од шест степени ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северозападниот дел на Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 175 километри западно од градот Сан Салвадор де Хухуј, на длабочина од 171 километар.

Нема информации за жртви и материјална штета.