22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Престрелка на аеродромот во Кабул, има загинати и повредени

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети.

Според информацијата која Бундесверот ја објави на „Твитер“, престрелката се случила на северната порта на аеродромот и нема повредени германски војници.

На аеродромот во Кабул илјадници луѓе сѐуште чекаат да заминат од Авганистан. Западните земји ги евакуираат своите државјани и локалните соработници, по преземањето на власта од страна на талибанците.

Американската влада претходно предупреди од можност да дојде до напад од страна на терористичката милиција Исламска држава на аеродромот или во близината.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

Деветгодишно девојче е убиено, а двајца возрасни повредени во престрелка во Ливерпул

M T

Во престрелка во Лос Анџелес две лица загинаа, а уште пет се ранети

M T

Тројца мртви во престрелка во Србија – убил пријателка, полицаец, а потоа се застрелал себе

M T

Сериозна закана за терористички напад во Кабул во последната фаза на евакуација

M T

Бројот расте – најмалку 170 цивили и американски војници загинаа во нападот на Кабул

M T