16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Кога терористите јаваат коњчиња во забавен парк ВИДЕО

Жителите на Кабул, но и оние кои избегаа од другите делови на Авганистан, живеат во целосен страв во последните 24 часа.

Талибанците го зазедоа главниот град на земјата без да испукаат куршум, претседателот Ашраф Гани избега, а владата практично не постои. Талибанците го подигнаа знамето од претседателската палата и на сите им објавија: „Војната заврши, го постигнавме она што го сакавме“.

Во тој момент започна агонијата на жителите на Кабул, како и на членовите на дипломатските претставништва. Илјадници луѓе се собраа од Кабул, бегајќи од Талибанците. Најдраматичните снимки пристигнаа во понеделникот на аеродромот во Кабул, каде што луѓето се фрлија на тркала на авионот обидувајќи се да се спасат.

Американските војници се обидоа да воспостават ред со пукање од воздух, а во целодневниот хаос имаше мртви луѓе.

Оние што остануваат во Кабул се парализирани од страв и што ги чека под многу познатиот талибански режим, кој воспоставува најстроги шеријатски закони и најсурово се одмаздува на секој што не се согласува со нив. Казните што ги делат Талибанците се камшикување до смрт, каменување исто така до смрт, отсекување глави …

Животите на жените се најзагрозени, кои загубија се’ од доаѓањето на Талибанците – работа, учење, излегување на улица, ТВ, музика, шминка … со еден збор, живот.

Имено на јутјуб се врти видео клип како две групи вооружени Талибанци се снимени како играат во забавен парк, кој сега е празен. Нема деца, нема мајки, само вооружени мажи.

Многумина од нив веројатно првпат го виделе забавниот парк, бидејќи талибанските борци доаѓаат од оддалечените и многу сиромашни провинции.

Спонзорирано: