24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Антиваксерски или протест против промена за името – антизападни и политички пораки на ковид демонстрациите

Неколку стотици антиваксери медиумски поддржани од медиуми блиски до опозицијата се собраа пред собрание.

„Моето тело е мој избор“ и „стоп за присилна вакцинација“ се дел пораките што се испратија од протестот одржан вечерва пред Собрание порадите рестриктивните мерки кои стапуваат на сила од утре, а со кои се предвидува ограничување на влезот во угостителските објекти и настани во затворен простор за невакцинираните.

Учесниците на протестот побараа политичарите на чело со премиерот Зоран Заев прво да се вакцинира со вакцина што тие ќе му ја одберат и да гарантира дека од вакцините никому ништо нема да му биде четири години, како предуслов и тие да се вакцинираат. Покрај за мерките, од протестот имаше и политички пораки дел од демонстрантите порачаа дека актуелната влада го продала името, ја украла историјата, а сега, како што велат, сакаат да им ја земат слободата и човековите права.

Дали ќе има нов кластер по овој протест, засега е непознато, но неколку познати имиња во медицината соопштија дека медицинскиот персонал е буквално изморен поради недисциплината на дел од граѓаните и нивното кршење на мерките.