23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУССВЕТ

До средината на септември, најверојатно, ќе биде одобрена вакцината „спутник В“, најави СЗО

Светската здравствена организација (СЗО), веројатно, ќе ја одобри руската вакцина „спутник В“ против коронавирусот до средината на септември, објави денеска помошничката на генералниот директор на оваа организација, Маријангела Симао.

„Што се однесува до вакцината ‘спутник В’, процесот на одобрување е во тек, имаме некои законски процедури низ кои поминуваме во моментот“, рече Симао, пренесуваат агенциите.

Симао додаде дека процените за вакцината почнале во јули и се добро напреднати и дека очекува конечната евалуација на одобрувањето на вакцината да се направи до средината на септември.