23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Со проверка на сертификатот за вакцина угостителите ќе ја поверделе приватноста на граѓаните, иако и сега проверуваат лични карти

Проверката на сертификатот за вакцини, според угостителите, е повреда на заштитата на лични податоци, додека според Агенцијата за заштита на лични податоци е во ред. По објавата на Владата дека ќе се проверува сертификатот за имунизација при влезот во угостителски објекти или организирани настани од 16 август, угосителите се побунија дека со проверката ќе ја повределе приватноста на гостите, иако тоа го прават и досега со проверката на личните карти, пишува Vestiplus.mk.

Во сите угостителски објекти, вработено лице проверува лична карта за да утврди дали одреден гостин е малолетен или не. Слична е праксата и во ноќните клубови, каде што лична карта се проверува на самиот влез во објектот со цел да се утврди староста на лицата. Таму е забранет влезот за малолетни лица, а одредени ноќни клубови таа граница ја имаат подигнато и повисоко.

Според Независната Угостителска Комора тоа не претставува проблем и повреда на личните податоци, но проверката на сертификатите за вакцина претставувало проблем. Дека проверката на сертификатот за имунизација не го повредува законот за заштита на лични податоци потврди и Агенцијата за заштита на личните податоци. Како што соопштија тие доколку се врши само визуелна проверка на сертификатите за вакцинација при влез во угостителски објект, семинар, веселба, културен или спортски настан, нема повреда на Законот за заштита на личните податоци и следствено не претставува злоупотреба на личните податоци.