17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина 4 милиони

Бројот на починати од коронавирус во светот надмина четири милиони.

Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 194.233.709, додека 176.292.516 луѓе оздравеле.

Во моментот има 13.777.386 активни случаи, од кои 0,6 проценти се тешко болни.

САД забележаа најголем број на заразени од почетокот на пандемијата – 35,2 милиони. Зад нив се Индија со 31,3 милиони и Бразил со 19,6 милиони.

Соединетите држави се на прво место според бројот на смртни случаи со 626.664, додека Бразил е на второто место со 548.420, пред Индија, каде досега починаа 420.196 лица.