30.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски дипломати во Виена страдаат од мистериозно заболување

Владата на САД истражува низа здравствени инциденти во главниот град на Австрија, Виена, кај нивните американски дипломати и другиот административен персонал.

Повеќе од 20 службеници пријавиле симптоми слични на Хаванскиот синдром, мистериозно заболување на мозокот, објавија агенциите.

Нема официјално објаснување за овој синдром, но американски научници велат дека најверојатно е предизвикан од насочена микробранова радијација. Првпат беше снимен во Куба во 2016 година.

Американски и канадски дипломати во Хавана се пожалија на симптоми од вртоглавица, губење на рамнотежа, губење на слухот и вознемиреност до она што тие го опишаа како „когнитивна магла“.

САД тогаш ја обвинија Куба за „звучни напади“, што Хавана остро го негираше, а инцидентот доведе до зголемени тензии меѓу двете нации. Академска студија во САД од 2019 година откри „аномалии на мозокот“ кај дипломатите кои се разболеле, но Куба го отфрли извештајот.

Првите случаи во Виена ги потврди и Стејт департментот на САД, кој соопшти дека спроведува истрага. Ројтерс цитира изјава од австриското Министерство за надворешни работи во која се вели дека тие соработуваат со американските власти за ова прашање.

Виена долго време беше центар на дипломатска активност и имаше репутација на жариште на шпионажа, особено за време на Студената војна, јавувaaт агенциите.