16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Цртеж од Да Винчи се продаде за рекордни 8,8 милиони фунти на аукција

Мал цртеж од познтиот сликар Леонардо да Винчи, насловен „Глава на мечка“, беше продаден за рекордни 8,8 милиони фунти (12,1 милиони американски долари) на една аукција во Лондон.

Уметничкото дело, старо повеќе од 500 години, е со димензија од само 7×7 см.

Продажбата го надмина претходниот рекорд за цртеж на Да Винчи, поставен од Horse and Rider („Коњ и јавач“) , кој се продаде за 8,1 милиони фунти во 2001 година.

Според аукциската куќа „Кристи“, каде се одржа продажбата, ова е еден од само неколкуте цртежи на италијанскиот ренесансен мајстор кои сè уште се во приватна сопственост.

Аукциската куќа не го откри идентитетот на купувачите. Сепак, некои британски медиуми открија дека бил продаден на една понуда од маж и жена.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Слика од Л.С Лори се очекува да добие над 1,2 милиони фунти на аукција

M T