20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Открил дека неговата партнерка го изневерувала со неговиот дедо – неговиот син всушност му е чичко ВИДЕО

Видеото на социјалната мрежа ТикТок најпрво беше сфатено лесно, но после тоа човекот тврдеше дека оваа приказна е вистинита.

Маж сподели видео на ТикТок во кое ја откри шокантната вистина за неговото семејство. Имено, тој дознал дека наводно неговата девојка, исто така мајка на неговите деца, имала афера со неговиот дедо додека сите живееле заедно во исто домаќинство.

“Открив дека мојот син е всушност чичко ми. Дедо ми спиеше со мојата девојка цело време додека бевме со него во куќата”, рече ТикТокерот.

Видеото во кое плаче е прегледано повеќе од 11 милиони пати.

„Не можам да верувам дека очекував повеќе од човек кој го имаше целото семејство зад грбот на баба ми“, напиша тој, алудирајќи на фактот дека неговиот дедо претходно имал неверство.

Видеото предизвика многу коментари.

“Многу ми е жал. Вие не заслуживте”, “Отпрвин мислев дека ова е шега, но сега сфатив дека не е”, “немам зборови”, се само некои од коментарите.

Човекот објаснил дека дознал за аферата кога го зел мобилниот телефон на својата партнерка и открил разни експлицитни пораки и фотографии.

@stacks1400

Can’t believe I expected more from a man that had a whole other family around the corner from my granny house. #fyp #redpill #ZitHappens

♬ Gnarls Barkley Crazy Stephen Kramer Glickman – Gustavo Rocque