17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ја повлекува потерницата за Светлана Тихановскаја

Руската полиција ја укина потерницата за белоруската опозициска политичарка Светлана Тихановскаја, издадена по иницијатива на белоруските власти, пренесува „Ројтерс“.

Тихановскаја е во егзил од минатата година откако белорускиот претседател, Александар Лукашенко, го освои шестиот мандат на изборите во август, а таа, која му беше противник, одби да ги прифати резултатите сметајќи дека се наместени, па затоа истиот ден ја напушти Белорусија и отиде во соседна Литванија.

Во октомври Белорусија издаде меѓународна потерница за Тихановскаја обвинувајќи ја дека повикува на закана за националната безбедност на Белорусија.