14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица убиени во пукање во Чикаго

Расправија во зграда во населбата Саутсајд во Чикаго се претвори во пукање во кое се убиени четири лица, а четири се повредени, соопшти полицијата.

Пукањето се случило утрово во 5:42 часот и досега никој не е уапсен, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата сè уште нема информации за идентитетот на жртвите. Полицијата потврди дека двајца повредени се во критична состојба.