18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Словенија прогласи крај на епидемијата на коронавирус

Епидемијата на коронавирус заврши, соопшти словенечката влада.

Сепак, дел од мерките ќе останат на сила. Како што е најавено, мерките ќе бидат во сила до четврток, а потоа ќе бидат преиспитани.

Според словенечките медиуми, носењето маска ќе остане задолжително на затворено, исто како и употребата на средства за дезинфекција и одржувањето на пропишаното растојание.

„Денеска е последен ден од епидемијата во Словенија. Епидемиолошката состојба во Словенија е поволна. За тоа се залужни сите што се придржуваа до мерките, одлучија да се вакцинираат и пред сѐ се однесуваа одговорно“, изјави портпаролката на словенечката влада, Маја Братус.

Спонзорирано: