26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германците сакаат да носат маски и по пандемијата

Голем број Германци сакаат да носат маска како заштита од болести дури и по пандемијата на коронавирусот.

Според репрезентативно истражување на институтот „Civey“, 44,7 проценти рекле дека ќе ги задржат маските.

Од друга страна, 41,9 проценти сакаат трајно да се укине обврската за носење маска.

Поради епидемиолошките мерки, вклучително и маските, дојде до намалување на бројот на заразни болести во Германија.

Така, сезонскиот грипот целосно исчезна во изминатата сезона на заболувања.