16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германската полиција спроведе акција против фалсификатори на пасоши за вакцинација

Германската полиција спроведе голема акција во Солинген, Дизелдорф и Дортмунд против фалсификаторите на таканаречените пасоши за вакцинација.

За време на вчерашната акција беа извршени претреси во 10 станови и продавници. Акцијата ја водеше централната институција за борба против организираниот криминал во државното обвинителство во Дизелдорф.

„Во тек е истрага против петмина осомничени под сомнение дека фалсификувале пасоши за вакцинација и ги продале“, рече портпаролот на институцијата.

Според „Билд“, станува збор за луѓе блиски до познатиот турско-арапски криминален клан.

При претрес на становите и продавниците не биле пронајдени фалсификувани пасоши или документи за изработка на такви документи. Сепак, полицијата заплени големи количини на дрога и 85.000 евра во готово.

Патем, во Германија, пасошот за вакцинација сега стана најбараната стока на црниот пазар.

Спонзорирано: