24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Србија две дози вакцина примиле речиси два милиона граѓани

Во Србија досега се дадени вкупно 4.424.791 доза од вакцините против коронавирусот, а 1.962.348 лица ги примиле двете дози.

Вкупниот број граѓани што ја примиле првата доза и оние што ги примиле двете дози е 2.462.443.

Српските граѓани може да изберат помеѓу четири вакцини, и тоа вакцината на „Фајзер/Бионтек“, „Астра зенека“, „Синофарм“ и руската вакцина „спутник В“, чие производство беше одобрено минатата недела во Институтот „Торлак“ во Србија.

Вчера, во Србија се тестирани 9.986 лица, а потврдени се 326 нови случаи. Починаа 12 лица.