Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Се заговара воведување кризен данок – нов удар по џебот на граѓаните

Во Министерството за финансии се заговара воведување кризен данок по примерот на воениот данок во 2001 година, посочуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова значи плаќање дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата“, се наведува во партиското соопштение, во кое се обвинува дека на овој начин Владата на Заев става рака во џебовите на сите граѓани и влијае на нивно дополнително осиромашување.

Од опозициската партија велат дека ваквата давачка ќе претставува уште еден товар за населението, покрај вртоглавиот раст на цените на прехранбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија.

„Дека има ваква иницијатива, потврди и вицепремиерот Битиќи, кој рече дека не е исклучена ваквата можност, како и дека и претходно сме имале кризен данок во 2001 година, таканаречен воен данок, поради високиот дефицит во буџетот“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарната дипломатија – стратешка алатка за посилно општество и иднината на Црвениот крст

ДЕСК

Левица: Во воени зони има постабилно снабдување со струја отколку во Македонија – студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

ДЕСК

Левица: Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

ДЕСК