12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Лотарија за вакцинираните во Калифорнија – главната награда 1,5 милион долари

Калифорнија планира да потроши 116,5 милиони долари за лотарија, односно парични награди за жителите што ќе се вакцинираат против Ковид-19 пред 15 јуни. Станува збор за најновиот и најскап стимул на американските држави, кои се очајни да ги убедат скептиците да се вакцинираат.

Потегот на демократскиот гувернер Гавин Њусом е дел од обидот насочен кон поттикнување на вакцинацијата, така што државата ќе може целосно да ја отвори својата економија на 15 јуни.

Жителите на Калифорнија, кои ќе бидат вакцинирани пред тој датум, ќе влезат во своевидна лотарија, меѓу нив десет ќе освојат награда од 1,5 милион долари, а 30 од нив ќе добијат по 50.000 американски долари. Исто така, првите два милиона вакцинирани заклучно со четврток ќе добијат картички со 50 долари.

И приватни организации во САД понудија подароци како еден од начините да ги убедат луѓето да се вакцинираат.

Подароците се движат од бесплатни билети за бејзбол и пиво до стипендии за колеџ и готовина.