17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

46 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина против Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека секојдневно се зголемува интересот за вакцинација, а досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера биле вакцинирани вкупно 224.336 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а се вакцинирале вкупно 6.940 граѓани.

Од Министерството за здравство дообјаснуваат дека во државата досега се аплицирани вкупно 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓанин.

Со последните бројки, додаваат од Министерството, 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Вакцинацијата се спроведува во согласност со Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани што искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критичната инфраструктура. Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во ‘А1 aрената – СЦ Борис Трајковски’ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и во Прилеп. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата“, стои во писменото соопштение од Министерството.

Од таму апелираат до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Спонзорирано: