10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники во Скопје

Од денеска се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за здравство.

Ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за Инфективни болести.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.