17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Отворено писмо од истакнати научници: Потеклото на коронавирусот е сè уште непознато

Потеклото на коронавирусот е сè уште непознато и нема доволно докази за да се каже дали настанал природно или потекнува од лабораторија, објави група искусни научници од Универзитетот во Кембриџ.

„Потребна е поголема истрага. Ние сè уште треба да го утврдиме потеклото на пандемијата“, напишаа во отворено писмо 18 научници, вклучувајќи ги Равиндра Гупта, клинички микробиолог од Кембриџ и Џеси Блум, кој ја проучува еволуцијата на вирусот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Научниците наведуваат дека не е исклучена можноста вирусот да е создаден со преминување од животно на човек или со случајно пренесување од лабораторија.