9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Работна средба меѓу јавниот обвинител и Синдикатот на УПОЗ, во фокусот подобрување на условите за работа

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржа работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на РСМ, на која се говореше за подобрување на условите за работа на вработените во јавните обвинителства, информираат од оваа институција.

Висината на платите и додатоците за јавнообвинителските службеници, можностите за нивно унапредување и за признавање на стекнатото образование, пополнување на испразнетите работни места, како и други прашања од интерес на јавнообвинителските службеници беа теми за кои стана збор на средбата, додаваат од таму.

„Љубомир Јовески ги истакна заложбите на Обвинителството во рамките на буџетот на Обвинителството да се создадат услови за подобрување на состојбата на јавнообвинителските службеници, како и редовната комуникација со Министерството за правда, каде што се бара носење нови законски решенија, со кои уште повеќе би се подобриле и зголемиле правата на вработените, потенцираат од Јавното обвинителство.​

Спонзорирано: