14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТНАУКА

Грција издаде состојба на делумна готовност поради кинеската ракета, иако шансите остатоците да паднат на грчко тло се многу мали

Грчките безбедносни сили се во делумна готовност поради кинеската ракета „Лонг марш“ тешка 21 тон која вечерва се очекува да падне на земјата, и претпоставките велат дека ќе се сруши некаде во водите на Пацификот.

Сепак, Грција беше сместена во „опасната зона“ каде што остатоците неколку пати прелетаа над грчка територија. Земјата ги забрани воените летови над земјата.

Опасната зона ја вклучува целата територија на САД под Њујорк, потоа цела Африка, Австралија, делови од Азија, делови од Јапонија, како и јужна Европа, односно Шпанија, Португалија, Италија и Грција.

Министерот за цивилна заштита Никос Харадалиас кажа дека шансите остатоците да паднат во Грција се „бесконечно мали“, додавајќи дека „службите остануваат будни и ги следат сите настани и протоколи“.

Повеќето вселенски објекти горат во миговите кога ќе влезат во атмосферата, а тоа се очекува да се случи и со кинеската ракета.

Спонзорирано: