22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат вакцинирани 70 проценти од возрасните Американци.

Претседателот, кој ја направи борбата против коронавирусот клучен приоритет на неговата администрација, претходно објави дека 4 јули би можел да биде датум за првите собири на Американците во мали групи за да го прослават празникот што ќе биде сигнал за враќање на нормалниот живот.

Бајден рече дека неговата администрација ќе се фокусира на вакцинирање на луѓе во руралните области.

„Сега, кога имаме редовно снабдување со вакцини, фокусирани сме да убедиме што е можно повеќе Американци да се појават и да ја примат вакцината што им е достапна“, изјави Бајден.

„Ако успееме во тие напори, тогаш Американците ќе направат сериозен чекор кон враќање во нормала“, додаде тој.