22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

Во клиника во Германија убиени четворица пациенти, вработена е осомничена за злосторството

Четири лица биле пронајдени мртви во болница во градот Потсдам, недалеку од Берлин, а уапсена е и жена осомничена за нивното убиство, соопшти денеска германската полиција.

Портпаролот на полицијата на провинцијата Бранденбург изјави дека покрај четирите мртви лица на Клиниката за ортопедија „Оберлин“, пронашле и едно тешко повредено лице.

Според неговите информации, на жртвите биле забележани знаци на екстремно насилство.

Локални медиуми наведуваат дека уапсената жена осомничена за убиство била вработена во клиниката, а жртвите се пациенти.